Целото семејство ужива во снежните лудории: Водителот Ненад со сопругата и близнаците на зимување (ФОТО)
Целото семејство ужива во снежната идила...
Водителот Ненад Ѓорѓиевски заедно со сопругата Горана и близнаците Иво и Љупка, деновиве побегнаа од градскиот метеж и загадениот воздух во главниот град. Ги спакуваа куферите и заминаа во Банско, Бугарија.
Од таму, тој сподели неколку семејни фотографии и покажа како го поминуваат заедничкото време, а дека децата уживале во лизгањето говорат и нивните насмеани лица.
Инаку семејството Ѓорѓиевски, минатото лето особено ја воодушеви јавноста, откако на социјалните мрежи покажаа дека сами си направиле базен, во кој се разладуваа во најтоплите денови од летото.
фото: Принтскрин / Инстаграм