Десет дена откако објави дека се повлекува го прекина молчењето: Бака Прасе крена прашина со една фотка и порака
Бака Прасе се врати на јавната сцена, по паузата од 10 дена, колку што не објавуваше ништо на социјалните мрежи.
Бака Прасе пред 10 дена објави дека ќе се повлече на некое време, а како што објасни тогаш, Јутјуб развил систем кој кога ќе препознае дека некое видео е со „ризична содржина“ веднаш добива рестрикции во вид на жолта монетизација. Тоа влијаело како на неговата заработка, така и на прегледите и со самото тоа видеата никако не можеле да бидат во трендинг.
Јутјуберот понатаму наведе дека тоа во потполност го разбира и поддржува, но истакна дека на светската Јутјуб сцена голем број на луѓе се занимаваат со тие содржини, а кај нас многу мал број и дека му е потребно многу повеќе време за да ги објави видеата кои ги прави. Поради тоа, Бака Прасе одлучи да се повлече некое време, а сега објави дека се враќа на сцената.
„Се врати тато од пауза“ - напиша Бака Прасе покрај фотографијата на која позира во бања, покажувајќи го своето добро извајано тело.