Бака Прасе се откажа, го напушта Јутјуб: Изгуби 720.000 евра, спонзорите не сакаат да го плаќаат
Дали поради новите проблеми, Бака Прасе навистина ќе го напушти Јутјуб?
Најпознатиот српски јутјубер, Бака Прасе, веќе најави дека ќе се повлече од Јутјуб, откако објави дека некој го саботира, но и по секс - скандалите со малолетничката.
Овој пат изгледа дека ситуацијата е подраматична, бидејќи Богдан Илиќ, наводно е во финансиски проблеми и дека за три месеци изгубил дури 720.000 евра!
Наводно, заработувал и повеќе од 100.000 евра месечно, доколку може да му се верува на изворот на дневниот весник Информер, но тоа сега е минато, бидејќи спонзорите го напуштија откако призна дека имал интимни односи со малолетничка (иако во тој момент не знаел дека е во прашање малолетничка) и доби кривична пријава поради тоа. Компанијата АСУС и јавно ја прекина соработката со Бака Прасе, а според сознанијата на српските медиуми истото го направила и компанијата ХОНОР, две од најголемите компании, кои го поддржуваа српскиот јутјубер.
По истиот пат, наводно тргна и Јутјуб, кој повеќе не ги става видеата на Бака Прасе во слободната зелена зона, односно ги означува со жолта боја, која влијае на прикажувањето во „трендинг“ и со самото тоа и на бројот на прегледи. Бака Прасе порано зборуваше на оваа тема кога кажа дека домашните корисници, кои работат за Јутјуб намерно го малтретираат и саботираат и дека неговите видеа ги препорачуваат или ставаат намерно во жолта зона - за да нема голем број на прегледи.
„Имам подготвено 10 видеа, кои не знам како да ги испланирам, бидејќи ми ги забрануваат туку така. Поради сето ова ја губам желбата и да работам, бидејќи голем број луѓе нема да го видат тоа што сум снимил поради лошиот систем“ - рече Бака Прасе.
Во заклучокот тој објави дека се повлекува додека не смисли решение за овој проблем.
На каналот на овој јутјубер видеата стигнуваат побавно, отколку порано, но бројот на прегледи и понатаму е солиден - околу половина милион имаат последните десетина видеа.
Колешката на Бака Прасе, Ружа Рупиќ, која е на Јутјуб веќе пет години и која ја следат околу 250.000 луѓе, откри дека домашните корисници за половина милион прегледи од Јутјуб, добиваат околу 185 долари во просек, но дека повеќе пари заработуваат од реклами и договори за спонзорства, но и рекламите, кои се прикажуваат низ нивните видеа.
Што мислите вие, ќе го напушти ли Јутјуб?