Додека дишам ќе бидат твојот ветер во грб: Мими Јовановска доби емотивна роденденска честитка од мајка ѝ

Додека дишам ќе бидат твојот ветер во грб: Мими Јовановска доби емотивна роденденска честитка од мајка ѝ

Објавена во: Совети // Семејство

Мими Јовановска, девојката која сите ја запознавме во претходната сезоната од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, го освои регионот уште при првото појавување на сцената. Тогаш како 20-годишната девојка, со своите маестрални изведби го оставаше без зборови жирото.

Денес, две години подоцна, работи на својата кариера и настапува со бендот на нејзиното момче, Бендот на браќа Нуне, кој се труди да ги разубави прославите и забавите за кои е ангажиран.

Инаку, убавата велешанка денес полни 22 години. По тој повод, на социјалните мрежи се огласи нејзината мајка, која сподели фотографија на која позира со својата наследничка. Покрај фотографијата на која насмеани позираат Мими и нејзината мајка, со која многу си личат, може да ја прочитате и емотивната честитка, од која сме сигурно дека младата пејачка се разнежнила.

„Љубов моја... 22 години поминаа... како вчера да беше... Сѐ што би напишала е малку во однос на она што го мислам и чувствувам за тебе. Те сакам бескрајно и посакувам никогаш да не ја тргнеш насмевката од твоето лице... и да знаеш... додека дишам ќе бидам твојот ветер во грб малечка моја. Среќен роденден“ - напиша мајката на младата пејчката покрај нивната заедничка фотографија.

Инаку, пред две години, во интервју за Хаштаг, Мими откри дека најголемата поддршка во животот ја добива од нејзината мајка и партнер.

„Покрај поддршката од мојата мајка, најголема поддршка исто имам и од мојот партнер Филип,  кој е дел од музичката фела и е најдобар критичар.“

фото: Принтскрин / Инстаграм / Фејсбук

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: