Џејмс Чарлс ги шокираше обожавателите: Никогаш повеќе нема да зборува за Јутјуб драмите
Доколку ве интересира што има Џејмс Чарлс да каже на тема драма во „beauty“ заедницата, не очекувајте да добиете одговор.
Како што пишува британскиот Cosmo, Џејмс неодамна разговарал, со фотографот кој му пришол.
На прашањето што мисли за новиот развој на настаните, односно фактот кој Тати Вестбрук го изнесе во новото видео, а се однесува на Џефри Стар и Шан Доусон, јутјуберот ја изненади јавноста.
„Навистина не сакам да зборувам за ништо што е поврзано со драма“ - кажа тој.
„Јас сум надвор од сето тоа, фокусиран сум на себе. Само што се преселив во преубава, нова куќа. Опкружен сум со прекрасни пријатели“ - додаде.
Исто така беше прашан да ги искоментира расистичките коментари кои Шон Доусон ги изјави во минатото: „Не сакам да коментирам ништо поврзано за него. Сметам дека таквите работи мораат да се гледаат од случај до случај, да видите дали луѓето навистина се менуваат. Јас така гледам на тие работи.“
Јутјуберот одмавна со главата и кога го прашаа да се слушнал со Доусон.
Може да ве интересира: