Тати откри: Џефри и Шејн сакаа да го „срушат“ Џејмс Чарлс!
Големата расправија помеѓу влијателните мејкап артисти на YouTube достигна ново ниво.
Откриени се нови детали за кавгата меѓу Џејмс Чарлс и Тати Вестбрук. Нови ’херои’ се вклучија во приказната и тешко е да се знае кој е крив, а кој е во право.
Во ново „драматично“ видео, Тати Вестбрук открива шокантни детали за нејзината минатогодишна расправија со Џејмс Чарлс. Инфлуенсерката за убавина во 40-минутно видео рече дека две лица, Џефри Стар и Шејн Досон, биле позади нивната кавга.
Погледнете го видеото овде:
Таа беше само марионета?
Тати во видеото рече дека Џефри и Шејн предизвикале драма од „валкани лаги“ во кои сега повеќе не верува. Таа изјави дека двајцата биле крајно љубоморни на успехот на Џејмс и сакале да ја елиминираат нивната најголема конкуренција и тоа да го сторат со нејзина помош.
Таа изјави дека работите ескалирале на нејзиниот роденден. Секој пат кога Џејмс Чарлс ќе свртел грб, Џефри и’ раскажувал нешто за него.
Со текот на времето, Тати самата почнала да верува во грдите работи за Џејмс што и ги кажувал Џефри.
Таа се извини во видеото и рече дека сфатила дека завземала погрешна страна и реши да му се извини на Џејмс Чарлс: „Џејмс, многу ми е жал што им дозволив да ме отрујат против тебе. Жал ми е што верував во нивните лаги. Верувањето во тие лаги и објавувањето на тоа видео се најголемите грешки во мојот живот! “
извор:joomboos.24sata.hr