„Ферари“ му забрани на Џастин Бибер да им ги купува автомобилите: Ова е причината
Џастин Бибер им се врати на старите обичаи и на вообичаениот талент за контроверзии. Имено, на италијанскиот производител на луксузни спортски автомобили, Ферари, му здодеало неодамнешното однесување на пејачот со неговите автомобили и решил да му забрани да ги вози нивните возила.
Biebs имаше Ferrari 451 како дел од својата колекција во 2015 година, а италијанскиот бренд бара од клиентите да почитуваат одредени принципи. На пример, да се грижи за автомобилот и да одржува правилно однесување зад воланот.
За што всушност се работи?
Џастин во една прилика го паркирал својот автомобил некаде, оставајќи го две недели, а потоа заборавил каде е. Всушност, член од неговиот персонал успеал да му влезе во трага. Овој гест многу го налути италијанскиот производител на автомобили.
Ферари, исто така, не сака кога сопствениците го менуваат изгледот на нивните автомобили, а Џастин не само што ја променил бојата на својот автомобил, туку потоа го продавал на аукција. По овој последен инцидент, Ферари одлучи да му забрани на пејачот да ги купува нивните автомобили.
Џастин Бибер: Бракот со Хејли не ми ги реши проблемите!