(ФОТО) Бруклин Бекам има нова девојка која наликува на неговата мајка

(ФОТО) Бруклин Бекам има нова девојка која наликува на неговата мајка

Објавена во: Мода // Moj стил

Бруклин Бекам и официјално повеќе не е „сингл“.  Тој на својот Инстаграм профил објави дека е во врска со Хана Грос. Двојката изгледа прилично заљубено, а според фотографиите кои се најдоа на Инстаграм профилот на Хана тие веќе подолго време се заедно.

Ова е прв пат Бруклин на социјалните мрежи да објави фотографии од неговата сакана, додека пак Хана веќе има неколку заеднички фотографии од пред неколку недели на кои изгледаат доста блиски. Тие дури заедно ја поминале и новогодишната ноќ.

Фотографиите што ги објави Бруклин многу ги изненадија неговите обожаватели кои се уверени дека Хана премногу наликува на неговата мајка Викторија Бекам. И додека едните се среќни за новата двојка, другите постојано коментираат и ги иритира фактот што Хана наликува на Викторија.

„Тие се како Дејвид и Викторија“, гладеше еден од коментарите на социјалните мрежи. Гледајќи ги фотографиите на Хана јасно е дека таа нема стил на облекување како оној Викторија, но сепак има мали сличности во тоа како обете изгледаат.

Инаку 20 годишната Хана била модел за нколку познати брендови и дел од многу модни кампањи.

Фото: Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: