(ФОТО) Слатка како бомбона: На што се навлече Ања Ветерова?
Откако го прослави својот 20 - ти роденден покрај своите најсакани, младата пејачка Ања Ветерова повторно замина во Америка. Имено, таа студира на универзитот за музика „Berklee“ во Бостон.
Уште пред самото полетување, младата пејачка постојано споделува фотографии од своите тамошни авантури, а последната во низата дефинитивно ги освои сите. Имено, таа се фотографила во маркет покрај полица полна со гумени бомбони. Со невина насмевка како на дете, Ања ни даде до знаење на што е навлечена.