Гудељ и Анастасија Ражнатовиќ прегрнати: Пејачката сподели фотка со братот на новото момче
Популарната пејачка моментално престојува во Шпанија со своето ново момче и познат фудбалер.
Анастасија Ражнатовиќ од неодамна е во врска со фудбалерот на Севиља и српската репрезентација Немања Гудељ и повеќе не крие дека е среќно заљубена.
Откако медиумите објавија дека парот е заедно, пејачката на Инстаграм покажа дека деновите ги поминува со своето момче, но и со неговото семејство во Шпанија.
Неодамна дознавме дека таа многу време поминува со сестрата на Немања, Вања, а сега дознавме дека има исклучителна врска со неговиот помал брат Драгиша. Иако веројатно сè уште не е подготвена да сподели фотографија со своето момче, Анастасија сега објави една на која се гушка со Драгиша, а придружена е со описот „Најдобри пријатели“.
Како што неодамна пишуваа медиумите, Анастасија и Немања по неколку излегувања влегле во врска на далечина, но ја користат секоја прилика да бидат заедно.
извор:GLOSSY
Заедно за Велигден во Италија: Анастасија Ражнатовиќ и Гудељ ја објавија првата заедничка фотка