„Јас ги направив овие стапала“: Кајли Џенер сподели нова фотографија од синчето (ФОТО)
Кајли Џенер дозволи светот да ѕирне во нејзиниот дом и да го види нејзиниот мал син. Имено, во саботата, ријалити ѕвездата сподели фотографија од нејзината ќерка Сторми Вебстер и тримесечниот син со натписот: Јас ги направив овие мали стапала. Сепак, нивните лица не се гледаа на сликата.
Всушност, единствениот дел од нив што Кајли го сподели на Инстаграм беа стапалата на Сторми до стапалата на нејзиниот помлад брат. Таа и Тревис објавија дека добиле син во февруари, но откако тој се роди, му го немаат покажено на светот неговото лице - ниту го открија неговото официјално име.
Минатиот викенд, Сторми и нејзиниот помлад брат беа со нивната мајка на раскошната италијанска венчавка на Кортни Кардашијан со Тревис Баркер. „Јас, Сторми и кокос патуваме низ светот заедно“, напиша манекенката на фотографиите на кои се прегрнува со Сторми.
извор:famoza