Кајли Џенер веќе не е кралица на Инстаграм: Од објавите заработуваше најмногу, а сега некој ја надмина
Од сите познати личности, оваа личност дефитивно не е таа која очекувавте дека ќе ја надмине Кајли во заработката на Инстаграм...
На Кајли Џенер оваа година не и оди баш најдобро. Освен што „Форбс“ неодамна и ја одзеде титулата најмлада милијардерка, бидејќи наводно ги лажирала документите кои го докажуваат тоа, сега ја изгуби и титулата кралица на Инстаграм, т.е. личност која на оваа социјална мрежа заработува најмногу од една објава.
Веќе долго време Кајли беше личноста која најмногу заработува на Инстаграм и никој не можеше да ја симне од тронот. Моментално на оваа социјална мрежа има 183 милиони следбеници и таа бројка константно расте. Иако и понатаму од ден на ден има сѐ поголем број на следбеници, овие денови една позната личност ја симна од тронот - Двејн Џонсон, Д Рок. Овој актер дефинитивно не делува како типична Инстаграм сензација, но моментално на таа социјална мрежа има 188 милиони следбеници. И како што покажува една од алатките на Инстаграм, Hopper HQ, неговата заработка по објава „скокнала“ за 15% од минатата година.
Hopper HQ направи листа која отприлика открива заработка од своите објави на Инстаграм, а според таа листа, Д Рок за една Инстаграм објава заработува малку повеќе од милион долари. Заработката од Инстаграм на Кајли од минатата година досега паднала за дури 22%. Ова не се однесува на секоја објава која ќе ја споделат, туку на оние што се спонзорирани од страна на различни брендови.
Но, кој друг се најде на врвот на оваа листа и кои познати личности заработуваат најмногу од Инстаграм? Ова се топ 5 - те ѕвезди:
# Ариана Гранде - 853.000 долари за една објава
# Ким Кардашијан - 858.000 долари за една објава
# Кристијано Роналдо - 889.000 долари за една објава
# Кајли Џенер - 986.000 долари за една објава
# Д Рок - 1.015.000 долари за една објава
Може да ве интересира:Топ листа на најплатени познати личности: Која од нив заработи најмногу оваа година?