Кајли Џенер за драмата околу името на синот: Зошто го нарече Волф, па се предомисли
За сѐ е „виновна“ нејзината сестра Клои, која имала одлучувачка улога...
Кајли Џенер на 2 февруари оваа година на свет донесе син, на кој му го даде името Волф. Меѓутоа, само еден месец подоцна, таа одлучи дека нејзиниот наследник нема да се вика така. Момчето наскоро ќе наполни 8 месеци, но никој и понатаму не го знае неговото име, а сега Кајли за целата драма проговори во новото фамилијарно реално шоу.
Како што раскажа Кајли, Клои била таа која прва сугерирала за нејзиниот син да го добие тоа име.
„Ние немавме име. Мислев дека нешто ќе ми се појави кога ќе го видам. Но, не“ - кажа Кајли.
Таа морала да ја поднесе крштеницата на момчето во одреден период по неговото раѓање, па почувствувала притисок да го именува, иако не била сосема сигурно како ќе се вика.
„Кога Клои кажа да се вика Волф, тоа ми се допадна, затоа што почнуваше со иницијалот од презимето на Тревис (Вебстер). Затоа решивме да биде Волф Вебстер. Што ги потпишав документите, се прашав што направив“ - зборуваше Кајли.
Таа откри дека името на детето и понатаму официјално не е променето во документите, бидејќи нејзиниот избраник често го менува мислењето.
„Тревис го менуваше неговото име неколку пати. Знаеше да дојде и да каже дека одредено име му се допаѓа и потоа му се обраќаше така цел ден. Но, тоа постојано се менуваше и повеќе не можевме така“ - кажа Кајли, па се пошегува дека ќе почека нејзиниот син да порасне и самиот себе да си даде име, бидејќи така е најлесно.
фото: Принтскрин / Инстаграм