Која е македонката која растури во бугарското талент шоу?
Претходно овој месец, на нашиот портал можевте да прочитате за проектот „Kaly’s Music Challenge“, кој е идеа на талентираната Калина Велковска - Кали. Таа била дете кое е пораснато со класичната музика во училниците на МБУЦ „Илија Николовси Луј“, детските хорови „Пиколо“ и „Развигорче“, воспитано во бендовски манир и партизанска алтернативна култура низ скопските гаражи, а од 2006 година активно плови низ немирните и нестабилни води на македонската страна Б субкулутура и авангарда, далеку од поп естрадата. Експериментирајќи со разно - разни жанрови, доаѓа до идеа за овој проект.
Во запознавањето со овој проект Калина откри дека со една од учесничките во проектот, Емилија Трајковска стапила во контакт за време на снимањето на бугарското талент шоу „Гласот на Бугарија“, во кое и двете учествуваа. Овој викенд премиерно беше објавен и нејзиниот настап на истото шоу. Калина ја отпеа „This World“ и со својот неверојатен талент ги освои членовите на жирито. Секој од нив сакаше да ја има во својот тим, но таа го одбра тимот на Иван Лечев.