Комбинација на денот: Алекса Чанг во топол џемпер + кожено здолниште
Џемперот во комбинација со кожено здолниште се совршени и за прошетки и за дружење со пријателите. Додадете мокасини или каубојски чизми на вашиот изглед и вашата есенска облека е подготвена.
Британската инфлуенсерка Алекса Чанг предлага да се носи топол џемпер со кожено здолниште. На пример, модел изработен од сјајна лакирана кожа, мини должина исто како што таа одбрала.