Комбинација на денот: Џејла Рамовиќ впечатлива во црно од глава до петици
Девојката која минатата година го освои Балканот и победи на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ во последно време освојува со нејзиниот изграден стил и впечатливи модни комбинации.
Џејла Рамовиќ, и со последната нејзина модна комбинација ги освои симпатиите на Инстаграм и собра близу 90.000 лајкови,а има и зошто!
Џејла ги носи чизмите кои доминираат сезонава, со едноставен црн фустан украсен со реси во долниот дел и кожено сако - трендот број 1 сезонава, кога станува збор за капути и сакоа. Изгледот го надополни со моќен ремен со сребрени детали и кул чанта.
Есенски стајлинг за десетка.
Девојката која го освои Балканот отпеа песни од македонски пејачки: Едната од нив е младата Лина
Вака изгледала како мала: Дали ќе препознаете која е оваа музичка ѕвезда?
(ВИДЕО) Дали ќе биде поголема ѕвезда од Џејла: 18 годишната Милица е кошмар за победничката!