Конечно е потврдено: Пронајдени се остатоците од момчето на Габи Петито
За некои злосторства е потребно и едномесечно пребарување и истрага, а момчето на инфлуенсерката Габи Петито, Брајан ландри, беше пронајдено по еден месец. За нештата да бидат уште пострашни, пронајдени се само неговите останки, а потврдено е дека посмртните останки се дефинитивно негови.
Не се знае кој имал покобен крај, Габи или Брајан, а ни зошто завршиле вака. Подобро е и да не се влегува во деталите какви остатоци се точно пронајдени, но се наведува дека остатоците се скелетни и дека се пронајдени на Флорида. Со остатоците биле и ранецот и тетратката на Брајан.
Да потсетиме, Брајан беше пријавен како исчезнат три дена по исчезнувањето на неговата девојка и позната инфлуенсерка, така што нивниот крај е мистериозен и морничав во исто време. Габи била задавена, а одреден период и Брајан беше осомничен за убиството, но учигледно некој го убил и него.