Конечно после 10 години замислив различна желба: Ивона Јо наполни 26 години (ФОТО)
Младата пејачка Ивона Јо денес слави роденден...
Изминатиот период сите зборуваат за трансформацијата на пејачката Ивона Јовановиќ, попозната под уметничкото име Ивона Јо. Имено, таа во август минатата година се одлучи за интервенција во Турција со која ѝ беше направено кратење на желудникот, а по операцијата секојдневно сме сведоци за нејзините огромни трансформации во изгледот.
Пејачката, која денес е видно ослабена не ја крие среќата за овој храбар чекор, а тоа го потврди и во описот на фотографиите, на кои се гледа како ги дува роденденските свеќички. Како што кажа сама, денес полни 26 години, а оваа година за првпат замислила поразлична желба.
„Секоја година од свој 14-ти роденден имав една иста желба. Да сфатам што сакам во животот и моето здравје се подобри.
Успеав!
Збогум 25 - добро ми дојде 26. Оваа година конечно после 10 години замислив различна желба. Внимавајте што посакувате можеби еден ден ќе тропне на вашите врати.
ПС. Ивона горда сум на тебе. За сѐ што стори за себе оваа година.“ - напиша пејачката, која без сомнеж е горда на себе и својата трансформација.
фото: Принтскрин / Инстаграм