„Корона“ торта за 36. роденден: Васил Гарванлиев е позитивен на ковид-19
2020 година е многу чудна година за сите, но пејачот Васил Гарванлиев, овогодинешниот претставник на „Евровизија“, вели дека за него годинава била особено чудна.
Тој поради состојбата со пандемијата не успеа да замине на големиот музички натпревар, а сега токму за 36-от роденден пејачот откри дека е позитивен на коронавирусот, и наместо да организира забава за најблиските, тој роденденот го прослави сам, во домашна изолација, во Струмица.
Но, тој вели дека годинава за него иако била полна со многу успеси и разочарувања, многу е благодарен што се посветил на себеси.
„Искрено, не знам од каде сум можел да се заразам, затоа што многу внимавам, особено овде во Струмица. Внимавам поради сите нас, а најмногу поради мајка ми, која има проблеми со срцето. Велам, не знам како се заразив, но едно знам- моментот кога почувствував дека нешто нешто чудно се случува. Сè почна од носот, чудна топлина, како да сум бил под вода и како да сум голтнал премногу вода. Следниот ден изгубив чувство за мирис. Мислев дека е обична настинка па почекав да се тестирам, но веднаш откако ги добив симптомите, јас сум во изолација“, рече Гавранлиев.
Целото интервју со Васил Гарванлиев прочитајте го на Женски магазин
Ме малтретираа, но музиката ми помогна да се изборам: Гарванлиев за детството