Лина Пејовска е побогата за еден милион: Крајот на месецот ѝ донесе нови успеси

Лина Пејовска е побогата за еден милион: Крајот на месецот ѝ донесе нови успеси

Објавена во: Stars // Музика

Девојката со ангелски глас, убавата, ултра талентирана и харизматична Лина Пејовска, која е веќе добро позната наша пејачка која јавноста ја запозна на српските „Пинкови ѕвездички„ достигна нов успех.

Овој пат не е сама во тоа, имено пред десетина дена се случи интересна спојка, кога Лина и Таско ни го претставија Балканскиот хит со српски рефрен „Неваљала“.

За оваа соработка Лина изјави: „Снимањето на спотот помина топ лудо и незаборавно, а како би било поинаку кога снимаш со Таско и со екстра добра екипа. Идејата за заедничка песна со Таско дојде спонтано како што  настана и нашата дружба. Подолго време бевме на идеја за нешто интересно и еве тоа и се оствари. Се надевам ќе им се допадне на сите, а песната може само да кажам дека „ЌЕ ГРМИ„!

И, навистина грми.
„Неваљала“ стана апсолутен YouTube хит и достигна над 1 000 000 прегледи.



Неодамна во интервју за Хаштаг, на прашањето: Има ли рецепт за тоа како се постигнува гледаност од 1. 000. 000 на YouTube?
Лина Пејовска изјави:
„Рецепт нормално има, а тоа е добар тим + добра песна = 1 000 000 гледаност. Хахахаха“ 

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: