Луѓето сѐ уште не може да си поверуваат дека Кортни Кардашијан е во врска со ова момче: Главата му е прекриена со тетоважи
Според обожавателите на Кардашијан, тие се како небо и земја...
Кортни Кардашијан ужива во љубовта со Тревис Баркер, а обожавателите не престануваат да се препираат околу неговиот изглед и некомпатибилноста што ја гледаат меѓу нив.
Таа полемика се води и поради нивните најнови фотографии, бидејќи двојката е „уловена“ за време на романтичното уживање на плажата „Treasure Island“, во неделата.
За сето време, тие се држеле за раце, се прегрнувале и бакнувале, мислејќи дека никој не ги фотографира.
Тревис, тапанарот од составот Blink - 182, во еден момент својата маица ја врза околу главата, за да се заштити од силното сонце, а пред да го направи тоа јасно можеле да се забележи дека и главата му е прекриена со тетоважи.
„Ги разбирам љубовта и разликите, но овде воопшто не ми е јасно за што станува збор“, „Апсолутно ми се вљубени, иако на прв поглед се апсолутно различни“, „Во шок сум поради нејзиниот избор“, „Што бара таа со него? Не велам дека не е океј и талентиран, но...“ - се само некои од бројните коментари.
За потсетување, Кортни дури во февруари потврди дека е во врска со Тревис.
фото: Profimedia