Фрида од Скопје, овој пат во улога на Барби: Во розовиот стајлинг изгледа како вистинска кукла
Сигурно веќе
добро ви е позната малата Фрида од Скопје, која неодамна се маскираше во Констракта.
Таа стана популарна на социјалните мрежи токму поради тоа што изгледаше како мала копија од пејачката, па благодарение на тоа, нејзините фотографии станаа вирални.
Овој пат, акцент е ставен на розовата боја и „манијата“ наречена „Barbie“, па Фрида не ја пропушти можноста да сними неколку видеа, на кои навистина изгледа како мала верзија на популарната кукла.
Нејзините родители се погрижиле за секој детаљ, а како тоа изгледа погледнете во продолжение:
Фото:frida.meh/instagram