Младите откриваат: Јутјуберот PewDiePie е повеќе ценет од кошаркарот Леборн Џејмс
PewDiePie, популарниот и контроверзен јутјубер, ја има истата популарност на името кај младите американци, како и НБА ѕвездата Леброн Џејмс - но јутјуберот има многу повисок рејтиг од кралот Џејм и другите познати личности, според новата студија.
Наодите доаѓаат од фирмата за истражување „Morning Cosult“, во кое беше опфатена генерацијата З и многуте корисници за да се измири нивото на влијание. Студијата покажа дека 88% од анкетираните изјавиле дека е важно за влијателните субјекти вистински да се грижат за своите интереси, а „инспирацијата“, „аспирацијата“ и „воајеризам“ се меѓу најголемите причини што младите Американци ги следат влијателите.
Еден од клучните наоди на студијата: За генерацијата З, главните инфлуенсери се исто толку познати, како и познатите личност, а во некои случаи дури и повеќе. PewDiePie и Леброн Џејмс имаат исто ниво на препознавање на името (95%) кај машкиот пол од генерацијата З, но повеќето од нив (62%) имаат попозитивно мислење за PewDiePie.
Резултатите од целата студија може да ја најдете ТУКА.