Моравме психички да се стабилизираме: Јутјуберките Анѓела и Наѓа се огласија за првпат откако избегаа од нивниот татко
Нагласија дека јавно нема да ги откриваат негативните страни на нивното семејство...
Пред неколку недели во јавноста се појави вест дека познатите јутјуберки Анѓела и Наѓа Ѓорѓевиќ исчезнале.
Нивното исчезнување преку социјалните мрежи го обелодени нивниот татко Зоран, кој истакна дека е загрижен поради тоа што ќерките не му се јавуваат. По медиумската хајка која траеше цел ден, таткото на јутјуберките откри дкеа неговите ќерки си заминале поради него.
По еден месец, Анѓела и Наѓа за првпат се огласија и открија што се случувало во изминатиот период.
„Не знаевме што да кажеме, дали треба да кажеме или не треба. Никогаш не сме пишувале што ќе кажеме во било кое видео, па така решивме и ова видео да биде спонтално и да зборуваме од душа“ - кажа Анѓела и додаде:
„Сакаме да ви се извиниме на сите, имаме потреба, поради тоа што се појави јавно, поради тоа што вие нѐ познавате веќе 7 години, присутни сме во јавноста, со сите можности, така што, просто ни е жал поради тоа што се вознемиривте, загриживте, како и реакција да имавте, на нас ни е жал. Жал ни е, бидејќи не сакавме ова јавно да се дознае. Не само вие, туку и нашите пријатели, семејство, пошироко и потесно беа уплашени, и ние го разбираме тоа, но во тој момент не знаевме како да реагираме поинаку. Не знаевме дека сите се упатени во ситуацијата“.
„Овој месец ни беше и повеќе од потребен, да ја стабилизираме психичката состојба, своите животи, да можеме да продолжиме понатаму, правејќи го она што го сакаме, она што нѐ исполнува. Затоа и одлучивме да ве поздравиме сите, да се вратиме на својата работа“ - се вмеша и Наѓа.
„Сега сме среќни што можеме да продолжиме да работиме, токму онака како што ние сакаме, поради тоа што некои работи ќе се променат. Пред тоа сакаме да кажеме дека ни е жал што некои луѓе помислија дека сѐ што се случи, е некој маркетиншки трик, дека е наша шега. Најискрено, колку и да има шеги, ние никогаш не би се шегувале на ваков начин. Ние знаеме дека сте имале идеализирана слика за нашето семејство“ - зборуваше Анѓела, на што Наѓа додаде:
„Не смеете да заборавите дека животот пред и зад камерите не е ист. Секој инфлуенсер, секоја јавна личност одлучува што скаа и што не сака да ѝ претстави на јавноста. Ние ќе кажеме една работа, Анѓела и јас живееме со мајка ни и кучињата, и отсега така ќе нѐ гледате.“
„Сакаме да ве замолиме да ја почитувате нашата приватност. Се надеваме дека ќе го прифатите тоа дека нашиот приватен живот сакаме да го задржиме за себе. Немаме потреба да зборуваме што се случува зад камерите. Ние сакаме да ви претставуваме весели нешта, нешто убаво и онака како што ние чувствуваме. Се надеваме дека ќе го почитувате тоа! Мене ми е многу тешко да го снимам ова видео“ - вели Анѓела, која во видеото беше на работ да заплаче.
фото: Принтскрин / Инстаграм