Националната платформа за учење од далечина нема Ромски јазик: Концептот „Едно општество за сите“ е нецелосен
Откако викендот беше споделен со родителите и учениците принципот на логирање на Националната платформа за учење на далечина, многу работи ги изреволтираа граѓаните.
Најпрво тоа се случи со спецификациите кои ќе треба да ги содржат уредите преку кои ќе се следи наставата, потоа откако беше договорен пробен час на ниво на цела држава, платформата почна постојано да „паѓа“, со тоа што истиот пропадна. На крајот следуваше објаснување од Министерството за образование и наука, во кое истакнаа дека се уште се работи на отстранување на проблемите поврзани со платформата.
Но, револтот не завршува тука. Сега својот глас го кренаа и Ромите, кои според зборовите на новинарот Сунаи Сабриоски немаат можност да го одберат Ромскиот јазик за да може полесно да се снаоѓаат на платформата.
„Зоран Заев #ЗаРомцкитеРаботи Платформава за да учиме од далеку ви нема Ромски јазик за концептот „Едно општество за сите“ да ви биде целосен. А треба да учиме од далеку. За ромиве прашувам.“ - напиша новинарот на својот Фејсбук профил.