Не се разликува од нашите: Маркус и Мартин конечно го покажаа својот дом

Не се разликува од нашите: Маркус и Мартин конечно го покажаа својот дом

Објавена во: Совети // Семејство

Обожавателите со години ги молат Маркус и Мартинус за една иста работа, а тоа е да им ја покажат својата куќа! Можеби за момчињата тоа беше преголемо навлегување во приватноста, но сега сепак се одлучија да им ја исполнат таа желба и објавија видео на Јутјуб кое ќе ви го даде одговорот на сите прашања.

Она што веројатно нема да ве изненади е тоа што домот на момците не се разликува многу од куќите и становите во кои ние живееме. Тоа е јасно во секој момент, но можеби најмногу кога ќе сфатите дека и нивната дневна соба е прилично едноставно и дека во немаа нема ништо екстравагантно што би укажувало дека во прашање е дом на големи ѕвезди. Друштво им правеше само Тико, додека остатокот од семејство беше насочено на своите обврски.


Всушност, дека сте во куќата на некој кој е успешен во светот на музиката би можеле да сфатите само по признанијата кои се на видно место, како она што го добија на фестивалот Melodi Grand Prix Junior уште во 2012 година. „Се сеќавам кога ја добивме оваа награда, удрив со рака во нејзиниот многу остар дел. Навистина е остар“ - се присетува Маркус. „Меѓутоа, тоа е многу кул награда“ - додава.

Момците ги покажаа сите свои простои, како што се една голема соба во која ги чуваат сите награди, па и примероци од своите албуми и книга. Потоа, го покажаа нивното домашно студио, кое им е многу драгоцено во време на пандемијата. Она што дефинитивно го нема во нашите домови е џакузито кое момците го имаат на тераса.

И спалните соби на момците се многу слатки, мали и удобни, а во секоја од нив имаат компјутер. Она што не успеаа да го покажат е околината на нивната куќа, но ветија дека ќе го снимаваат и тоа, секако доколку ова видео им се допадне на нивните обожаватели.

Може да ве интересира:

ОБРАВЧИЊА ЗА ШТИПЕЊЕ: Маркус и Мартинус како бебиња!

Мистеријата се реши: Маркус објасни зошто ја слуша Есма Реџепова

Маркус и Мартинус не знаат за страв: Од 6 метри висина скокнаа во студена вода

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: