Не верувам дека ќе се врати, ГП никогаш не ги лажел своите фанови: Ритко за одлуката на Марко за повлекувањето од јутјуб сцената

Не верувам дека ќе се врати, ГП никогаш не ги лажел своите фанови: Ритко за одлуката на Марко за повлекувањето од јутјуб сцената

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Минатата недела, еден од најследените јутјубери во Македонија, Марко Марковиќ, попознат како ГП го сними своето последно видео за оваа платформа. Имено, под наслов „Збогум“, јутјуберот ги откри причините за оваа негова одлука и воедно откри колку му било тешко да ја донесе.


На Јутјуб сцената сега останаа јутјуберите како Стефонатор, Ритко, Стефан Лазаров, Марио Арангеловски и многу други, но ниту еден од нив нема толку следбеници колку што има ГП.

Еден од нив, поточно битолчанецот Ритко, уште следниот ден откако ГО ја објави одлуката, сними видео на оваа. Видеото е всушност интервју во кое Ритко зборува за ГП и неговото заминување од македонската јутјуб сцена.

„Секој го прави ова за пари и секој го гледа ова како работа, дури и јас. Не мислам дека ГП би се вратил, бидејќи никогаш не ги лажел своите фанови, нема да направи такво видео, да направи пренк. Тоа видео си е вистина и ќе остане.“ - кажува Ритко во видеото кое го сними по повод заминувањето на ГП од Јутјуб сцената.

Целото видео на Ритко, може да го погледнете во продолжение:


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: