Немаат поддршка од никој: Кралското семејство ги остави Хари и Меган на цедило
Неколку дена откако принцот Хари објави писмо и најави тужба против британскиот Associated Newspapers, издавачите DailyMaily и Mail on Sunday, репортерот кој го следи кралското семејство, Ричард Палмер, изјави дека членовите на кралското семејство се „посрамотени“ од неговите и постапките на неговата сопруга, Меган Маркл.
Принцот Хари ги тужи британските издавачи, бидејќи го објавиле приватното писмо на Меган Маркл само за да ја малтретираат и со тоа им најави војна на таблоидите.
Иако останатите членови на кралското семејство го советувале, да почека со тужбите, тој сепак објави писмо и против нивната воља и ја започна војната.
Според зборовите на Ричард Палмер, никој во кралското семејство не ги поддржува Меган и Хари. „Дури и оние кои инаку ги поддржуваат се посрамотени од нивните постапки. Вилијам и Чарлс потполно се дистанцираа од нив“ - напиша тој.
Како ќе се заврши оваа ситуација, дали нивното семејство ќе им помогне или ќе се борат сами, останува да видиме.