Нивните скандали не престануваат: Нови детали за односот меѓу Ким Кардашијан и Канје Вест

Нивните скандали не престануваат: Нови детали за односот меѓу Ким Кардашијан и Канје Вест

Објавена во: Совети // Семејство

Гласините, дека нешто не е во ред со бракот на Ким и Канје се појавија пред некој месец, уште пред да се случат бројните скандали со твитовите на Канје Вест.

  „Работите се навистина лоши помеѓу нив, бидејќи тие двајца никогаш не поминувале волку време заедно, како што е случајот сега во карантинот“ - раскажа тогаш еден извор. „Сепак, таа не сака развод. За неа ова е навистина, последната работа што би и текнала - особено кога ќе се сети колку проблеми имаше со јавноста по својот втор развод.“
Многумина скоро и да заборавија дека Ким беше во брак со кошаркарот Крис Хамфрис, но дека тој брак кој беше склопен во 2011 година, траеше само 72 дена.

Иако мега популаниот пар, Ким и Канје досега се бореа со бројни предизвици, се чини дека следи најлошиот и најголемиот скандал од сè досега...

Имено, како што пишува „Дејли меил“, Канје Вест и Ким Кардашијан воопшто не живеат заедно веќе цела година. Канје претежно останувал на неговиот ранч во Вајоминг, а Ким го посетувала еднаш месечно со децата.

Сепак, додека некои тврдат дека станува збор за одлука поради благосостојбата на децата, други сметаат дека Канје така одлучил затоа што е подобро „за неговата работа и креативност“. Од друга страна, Ким, наводно, го молела Канје да се откаже од кампањата за претседател на Америка.

Целиот скандал на Канје и Ким го потресе светот, па не е изненадувачки ако е вистина дека тие живеат долго време одвоени. Ким неодамна им рече на своите обожаватели на Инстаграм дека Канје се бори со голем притисок, што има многу лош ефект врз неговото биполарно нарушување.

извор:glossy.espreso.rs

Поврзано:

Што е биполарно растројство? Кои познати ѕвезди, покрај Канје Вест се соочуваат со нарушувањето?


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: