Омилената игра ја „гејма“ на 64 телефони: „Дедо Покемон“ стана хит во светот на гејмањето

Омилената игра ја „гејма“ на 64 телефони: „Дедо Покемон“ стана хит во светот на гејмањето

А заради големиот број телефони на предниот дел на неговиот велосипед, медиумите го нарекоа „паун велосипед“


Чен Сан-Хуан, познат на интернет како тајвански „Покемон дедо“, го унапредил својот велосипед, кој го користи за да ја игра својата омилена игра, монтирајќи дури 64 паметни телефони на неговото кормило.

Фотографии од симпатичниот старец, на кој се гледа како игра „Покемон Го“ на 11 телефони прикачени на неговиот велосипед, станаа вирални во 2018 година. Изминативе две години, овој „зависник од Покемон Го“
 постојано додава нови телефони на неговиот велосипед. Минатата година, во 2019 година, тој користел 45 уреди, на кои се обидел да фати сè.
Во интервјуто што го дал во 2018 година, Чен објаснил дека започнал да игра „Покемон Го“ кога неговиот внук го научил, и дека станал целосно заразен со играта. Тој, исто така рекол дека ја игра играта само за да фаќа и надградува ретки покемони, а дека ретко учествува во мултиплеер игри. А заради големиот број телефони на предниот дел на неговиот велосипед, медиумите го нарекоа „паун велосипед“.


Извор: telegraf.rs

Видео и Фото: Galileo Global

Нивните лица се насекаде, а немаат социјални мрежи: Познати личности кои не можеме да ги најдеме на Инстаграм и Твитер


Ми се оствари сонот, ќе студирам на „Бокони“ во Милано: Марко Велјановски од Скопје на светски познатиот Универзитет за економија


Можеби ќе ве интересира: