Опцијата која долго ја посакувавме е достапна на Инстаграм

Опцијата која долго ја посакувавме е достапна на Инстаграм

Инстаграм веќе некое време ја тестираше оваа опција, а сега почнаа да ја воведуваат. Истата беше достапна кај мал број корисници, но по тестниот период за време на кој се уверија дека се работи како што треба, стана достапна за сите.

Иако бројните апликации за допишување веќе подолго време имаат опција за испраќање и примање на пораки на сите уреди, пораките на Инстаграм корисниците можеше да се испраќаат само од мобилен. Извршниот директор на Инстаграм, Adam Mosseri, најави дека тоа ќе се промени. Веб верзијата доби еднакви опции како и онаа на мобилен. Корисниците ќе може да одговараат на пораките, да започнаваат нови разговори (индивидуални и групни), а пораките ќе можеда се лајкуваат и во нив ќе може да се споделуваат фотографии од компјутер. Доколку корисниците на својот компјутер ја одберат таа опција, за пристигнатите пораки ќе им доаѓа и известување.

Може да ве интересира: 

Инстаграм со нова опција: Скролајте по објавите заедно со пријателите

Можеби ќе ве интересира: