Организираат забави за прва менструација: Најнов тренд кај мајки во Србија
Бизарен тренд кај мајките - ја прославуваат првата менструација на нивните ќерки. Овој тренд започна пред три години во САД под името „Period party“, сега пристигна и до Србија, во Нови Сад.
„Дали организираше забава за ќерка ти по повод првата менструација?“ „Не знам што да подарам, освен влошки“ - коментираат жени од Нови Сад во група на Фејсбук, наменета за тоа - пренесува mondo viral.
За оние „неинформирани“, на вакви забави има колачи во форма на тампони, матка, влошки, потоа торти украсени со прелив со јагоди, кои алудираат на крв...
Весникот „Irish Mirror“ наведува дека таква бизарна забава за прв пат е направена во 2017 година, кога дванаесетгодишната Брук Ли споделила слики на социјалните мрежи, од „мега забавата“ која и ја подготвила мајка и, по повод првата менструација.
По Американците, мајките низ Велика Британија започнаа нов тренд кој има за цел да им покаже на девојчињата дека промената што ја доживуваат не е страшна.
Многу девојки се исплашени и загрижени, а некои се срамат поради менструацијата, па нивните мајки излегоа со идеја како да го направат тоа поинтересно и помалку застрашувачко искуство - велат поборниците на ваквите забави.
Да се надеваме дека овој тренд нема да пристигне и кај нас.
Поврзани вести:
5 митови за менструацијата за кои можеби и не сте знаеле дека постојат!
Менструацијата е луксуз: 15% од македонските тинејџерки користат весници наместо влошки
Имаше моменти кога се консултирав со гинеколог: Кога прв пат добив менструација со Мартија