По Лина и Антониа: Барбара Ракичевиќ ја отпеа познатата песна од филмот „Тома“ во дует со Жаре Бербер
Песната „Поноч је“ која по филмот „Тома“ повторно се актуелизираше и сега е попопуларна од било кога, се пее во секоја кафана и се нарачува по неколку пати, а интересно е тоа што ја освои и помладата публика.
Изненадува и фактот што и многу млади го изгледаа ова филмско дело и останаа фасцинирани, а некои дури и посакаа да можеле да живеат во тоа време, кога Тома бил еден од највлијателните.
Откако нашата Лина Пејовска ги отпеа двете, можеби и најтажни песни од познатиот пејач Тома - „Поноч је“ и „За Љиљану“ и собра безброј позитивни коментари, потоа тоа го направи и Антониа Гиговска која исто така ја отпеа „Поноч је“, сега тоа го направи и Барбара Ракичевиќ, во дует со Жаре Бербер.
Слушнете ги, звучат прекрасно: