Повторно претера: Младата српска пејачка бара 500 евра за персонализирана видео честитка
Неодамна се појави ценовникот за реклами на социјалните мрежи на младата ѕвезда Теодора Џехверовиќ. И сите останаа во шок.
Имено, како што и повеќето популарни во денешно време рекламираат производи на Инстаграм (претежно), така и Теодора покрај пеењето се занимава и со рекламирање, особено сега откако нејзиниот профил брои 1.000.000 следбеници.
Па така неодамна беше откриено колку наплаќа ѕвездата за рекламни услуги, а сумите беа прилично шокантни.
Вчера пак беше откриена сумата за уште една од новите услуги додадена на листата на заработки на Теодора.
Станува збор за Инстаграм профил создаден за персонализирани честитки за родендени и други слави, од познати српски личности.
Меѓу другите, профилот е во соработка и со Теодора, а кога нејзин обожавател прашал колку ќе го чини доколку пејачката испрати персонализирана видео честитка, одговорот што следи повторно наиде на бурни реакции:
Како што стои во одговорот цената за таква видео порака е 500 евра.Твитер е преплавен со негативни коментари за сметка на Теодора и други ѕвезди кои печалат пари од граѓаните во овие кризни времиња, особено што станува збор за огромни суми за „буквално да каже среќен роденден“, се вели во коментарите.
Што мислите вие за ова? Претерала ли пејачката?