Пред три месеци младата блогерка ја најдоа задавена, а сега е откриено дека убиецот е личноста која најмногу ја сакал: Сѐ опишал во својот дневник

Пред три месеци младата блогерка ја најдоа задавена, а сега е откриено дека убиецот е личноста која најмногу ја сакал: Сѐ опишал во својот дневник

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Откако светот го шокираше веста за смртта на 22-годишната американска блогерка Габи Петито, која со својот вереник, 23-годишниот Брајан Лаундри одлучила со комбе да влезе во националните паркови на западот во САД и својот пат им го прикажува на следбениците на социјалните мрежи, сега се појавија нови информации во врска со нејзината смрт.

Брајан Лаундри ја презеде одговорноста за убиството на Габи Петито во дневникот кој беше пронајден во близина на неговите посмртни останки, по повеќе од еден месец откако исчезна, откри ФБИ. Дневникот бил пронајден покрај неговото тело во мочуриштето Картлон во близина на куќата на неговите родители во Норт Порт на Флорида на 20 октомври. Тој починал од една прострелна рана во главата, а со дневникот полицајците пронашле и ранец и револвер. Меѓутоа, не е јасно кога умрел.

Тој беше во бегство од 13 септември, откако ја задави Хаби во Вајоминг за време на нивното патување порано ова лето.

Во соопштението, ФБИ кажа дека се затвара истрагата за смртта на Габи по што е заклучено дека Лаундри го признал делото, но не е кажано што конкретно пишувало во дневникот.

Инаку, ФБИ отвори истрага за исчезнувањето на Габи откако нејзините родители ја пријавија за исчезната на 12 септември. Во тоа време, таа и Лаундри биле на пат низ природните резервати со своето бело комбе.

Следуваваше масовна потрага, а посмртните останки на Габи беа пронајдени на 19 септември во кампот Спред Крик во националниот парк Гранд Тетон во Вајоминг, во близина на местото каде таа и Лаундри последен пат биле видени заедно - и три недели откако последен пат разговарала со родителите.

Починала од добиените повреди на главата и вратот предизвикани од давање, соопшти форензичарот од округот Тетон. Три или четири недели била мртва пред да биде нејзиното тело пронајдено.

Потрагата за Лаундри траеше повеќе од еден месец, а голема група на полициски службеници го пребаруваше резерватот Карлтон.

Неговите посмртни останки се пронајдени на 20 октомври откако се повлекла водата од подрачјето кое го пребарувале. Тој ден, неговите родители, Крис и Роберта Лаундри, ја известиле полциијата дека планираат да се вратат во паркот за да го бараат.

Во соопштението, ФБИ кажа: „Надлежните органи беа присутни кога родителите на господин Лаундри лоцираа предмет во паркот за кој подоцна е утврдено дека припаѓа на господинот Лаундри. Со понатамошното пребарување на подрачјето, истражителите пронајдоа останки од човек на чија основа подоцна се потврди дека се на господин Лаудри - заедно со ранецот, дневникот и револверот. Со прегледувањето на дневникот откриена е пишаната изјава на господин Лаундри кој презема одговорност за смртта на госпоѓа Петито“.

Потрагата за Габи почна откако Лаундри на 1 септември без неа се врати во домот на своите родители на Флорида од нивното патување.

Семејството на Габи на 11 септември го пријави нејзиното исчезнување, а два дена подоцна нејзиното момче Брајан Лаундри, исчезна од куќата на неговите родители.

Пред исчезнувањето на Габи, полицајци ги сопреле неа и Лаундри во Моаб на 12 август 2021 година, откако еден минувач ја пријавил двојката за насилно однесување и меѓусебно нанесување на телесни повреди.

Независниот истражител кажа дека полицајците кој ги сопрел би требало да биде суспендирал, бидејќи не навеле дека Габи во текот на споменатиот разговор со нив им признала дека нејзиниот вереник е агресивен.

Полицајците ги пуштиле по 75-от разговор на основа на ветувањето дека ноќта нема да ја поминат заедно. За жал, исходот набрзо бил фатален.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: