Родители направиле Камп за здрав разум: Целта е да ги научат децата на основните животни вештини
Поради
ситуацијата со коронавирусот, родители во Лос Анџелес се соочиле со фактот дека
долгото жешко лето ќе го поминат со две деца кои нема каде да излезат. Затоа
дизајнирале посебен камп.
Она Хансон и нејзиниот сопруг Пол сфатиле дека цело лето ќе го поминат со децата дома, па затоа сакале да направат нешто посебно за Гвендолин (17) и Харис (12), пишува „Yahoo“.
Хансонс со години се шегувале дека нивните деца ќе имаат корист од Камп „Common Sense“ каде би можеле да научат основни животни вештини, па решиле сами да организираат таков камп.
- Летниот камп отсекогаш бил одлична можност за децата и за нас да откриеме што можат да направат без нас. Таму има толку многу само-откритие и самодоверба во мал простор - објасни мајка Она. Таа ја купила книгата на Кетрин Њуман „Како да се биде личност: 65 огромно корисни, супер важни вештини кои треба да ги научиш пред да пораснеш“ како еден вид водич за кампови.
Планирале осум тематски недели, секоја фокусирајќи ја на различен спектар на животни вештини. Темите вклучуваат готвење, безбедност и подготовка за итни случаи, перење и чистење, но и други лекции за животот, како што се анти-расизам и социјални вештини.
Книгата „Како да се биде личност“ има корисни кратки илустрирани упатства за полесно да се научи сè, од простирање облека и мобилни тоалети до тоа како искрено да се извините на некого.
- Одлучив да ја користам оваа книга затоа што беше напишана и илустрирана со многу шарм, радост, емпатија и хумор. Не е книга во која возрасно лице му се обраќа на дете од висина, тоа е возрасно лице кое поканува дете во светот и му објаснува како функционира секојдневието - објасни Она.
На Твитер, таа ги прашала другите родители какви вештини би сакале нивните деца да учат.
Иако не можат да создадат услови како за кампување во природа во домот, Хансонови сфатиле дека можат да им овозможат на децата сличен впечаток на слобода и компетентност во структура слична на камп.
На почетокот, децата не биле воодушевени од идејата.
„Мислам дека се плашеа дека сè ќе изгледа како училиште“, изјави мама Она.
Хансонови го структурирале кампот така што да има време за слободни активности во текот на утринските часови, попладне и навечер. На пример, во неделата за учење за готвењето, тие го замолиле синот да пронајде поглавје во книгата поврзана со готвењето, да ја прочита, а потоа да разговара со нив за тоа што би сакал да научи.
„Тој беше многу среќен што научи како совршено да готви јајце“, истакнува Она.
Нејзиниот сопруг, кој е одличен готвач, ја презел должноста за тие лекции.
„Денес научија како да користат ножеви, ккао да лупат и сечкаат храна“, додава таа.
Децата во кампот имаат можност да го искористат во теорија она што го научиле.
„Не е тоа како еднаш да научите вештина, а потоа сте завршиле со неа засекогаш и повеќе не ви е потребна“, истакнува Она Хансон.
Преку кампот, родителите решиле да им обезбедат на децата лекции што всушност му помагаат на целото семејство да се фокусира на она што го прават, а тоа им дава на децата мотивација во текот на денот и им овозможува да се држат до своите цели.
- Секогаш се чини дека имаме време да ги научиме на вештини, сите имаме фантазија дека пред да заминат на факултет магично ќе ги научат тие неколку илјади вештини, но факт е дека за нивниот развој и учење е потребно време. Сега конечно го имаме на располагање тоа време што го немавме претходно - истакна Она.
Кога не учат како да готват јајце или како да најдат некое место на глобусот, децата имаат можност да се вклучат во активности кои би ги имале во вистински камп, прават белегзии или печат колачиња. Тие дури имаат и штампани маички со кампот. Иако мајката е задоволна од идејата дека децата ќе готват свои оброци, таа е убедена дека тоа што го научиле сега со сигурност ќе им треба во иднина.
- Тие ќе можат да направат нешто што не можеле да го прават порано. Тоа дава самодоверба. Тие стануваат некој кој знае да направи некои работи, како да создава социјални врски и свест дека има далеку поважни работи од списокот на вештини што тие само ги учат – објаснува мама Она.
Иако моментално се физички оддалечени од пријателите и роднините, Хансонови истакнуваат дека радоста што секој сега ја чувствува за време на учењето на нови вештини ќе им трае цел живот.
- Им кажуваме дека може да споделат стан со некого и да бидат станар кој ќе знае да подготви појадок за секого. Можеби ќе бидат луѓе кои ќе се спротивстават кога ќе чујат срамна или расистичка шега и ќе речат дека не се согласуваат со тоа. За мене е добро ако децата сега обрнат внимание кон сè што ќе кажеме, и да можат подоцна во животот да кажат дека се радуваат што знаат да подготват палачинки за 12 лица. Тоа ќе им донесе радост и среќа - заклучува мајка Она.
Извор: 24sata.hr
Куче стоеше на мост 4 дена и гледаше во водата: Приказна која ги скрши дури и најтешките срца