Сè повеќе девојки ги објавуваат пораките што ги добиваат од доставувачите: Познатата ТикТокерка била дури прогонувана од таксист (ВИДЕО)

Сè повеќе девојки ги објавуваат пораките што ги добиваат од доставувачите: Познатата ТикТокерка била дури прогонувана од таксист (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Ваквите ситуации се прилично застрашувачки...

Неодамнешниот инцидент покрена нова лавина принтскринови со кои девојките покажаа дека и на нив приватно им се јавуваат доставувачи и таксисти. Очигледно дека девојката која воопшто го започна сето ова не е единствена.

Една девојка неодамна јавно објави принтскрин од пораката во која приватно ѝ се обратил доставувачот кој ѝ доставил храна. Набрзо потоа, тој доставувач повторно ѝ се обратил за да ја извести дека заради неа добил отказ, бидејќи одлучила да го пријави кај неговиот газда. Го пријавила бидејќи ѝ се обратил на приватна порака на WhatsApp, а нејзиниот број го искористил од неговата работа. Токму поради тоа и други девојки почнаа да ги објавуваат пораките кои на нив им ги испраќале доставувачи и таксисти.

@zexy.filth Reply to @flipflop56 #wolt #woltdostava #woltdostavljac #dostava original sound - Zexy Filth

Една од нив е токму оваа девојка, која такви, на прв поглед непримерни пораки, добивала од два таксисти и еден доставувач. Еден од нив дури ја побарал и на Инстаграм, но не можел да ја наде. Во слична ситуација се нашла и Душка Степанов, позната фотографка и ТикТокерка, која својата приказна одлучи да ја сподели јавно, а најмногу поради првиот настан со вакви пораки кој стигна до јавноста.

@duska_stepanov E da, ovaj taksista je imao oko 60 godina  #storytime #zagreb #prica #ulet #samoljubav Summer day - TimTaj

Како што вели, викнала такси. По некое време повторно викнала такси и дошол истиот таксист кој ја возел и првиот пат, и ѝ признал дека често вози околу нејзината куќа и низ нејзиниот кварт за да може повторно да налета на неа, ако ѝ треба повторно такси услуга. Таа истакна дека по ова признание повеќе не го викала тоа такси, бидејќи се плаши, а ваквите ситуации би можеле да бидат и застрашувачки. Но, ниту една од нив не ги пријавила како првата девојка поради која овие пораки стигнаа до јавноста.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: