Се огласи инфлуенсерот кој бараше пари за стан од следбениците: Чистев станови и берев краставици

Се огласи инфлуенсерот кој бараше пари за стан од следбениците: Чистев станови и берев краставици

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Српскиот инфлуенсер Владимир Звекиќ, попознат како Веселин ја шокираше јавноста кога објави дека следбениците на Инстаграм, кои ги повеќе од 300.000, му донираат пари за да си купи стан.

Откако вчера беше објавена веста дека на Владимир му помагаат следбениците да собере пари за стан, социјалните мрежи „горат“, а сега се огласи и Веселин.

„Барав стан за пријател и ги гледав понудите кои ми пристигнуваа. Налетав на еден кој би можел да си го дозволам земајќи го предвид делот кој веќе го имам, но остатокот ми недостасува. Го споделив тоа со луѓето и тие самите ми ја предложија таа иницијатива. Пред ова немав ниту Paypal, Patreon и останатите платформи кои сите луѓе од оваа професија ги имаат и користат! Тие ме наговорија и го пуштив тоа во етер и повратната реакција беше прекрасна“ - кажа тој и додаде:

„Да, тој стан постои и чини скоро 80.000 евра Не можам да дадам прецизен одговор, но можам да кажам дека не сме ни блузи и затоа ми е смешно што одредени луѓе се возбудија толку. Еве за душманите: не грижете се, немам ни една шеснаесетина од вкупната бројка, ако на крајот го земам тој стан ќе биде со помош на станбениот кредит на кој работам“.

Објавата на Веселин наиде на низа негативни коментари од корисниците на социјалните мрежи. Многу го критикуваат дека е „жив, здрав и прав“ и дека би требало да ги „засука ракавите“ и да заработи за стан.

„Што да се каже, а да не се заплаче! Работам од својата 15-та година, работев сезонски работи, одев да берам краставици, да берам кромид, да вадам компири, да берам грозје, да не набројуваш што сѐ имам работено! Потоа во Нови Сад дојдов стопер, без еден динар во џебот! Се обидов да студирам, но поради финансискиот крах не можев да се потпрам на моите дома, морав да се вработам во ресторан за брза храна каде што останав една година. Потоа го сменив локалот, но останав во истата гранка. Покрај тоа, работев трета смена во друг локал, одев да чистам станови и работев вкупно три работи за да можам да си дозволам нов телефон. Не се плашам од работа, моите ракави се засукани од мали нозе! Не молам никој, туку почнав да го користам полниот потенцијал на социјалните мрежи, како сите мои колеги“ - кажа инфлуенсерот за „pink.rs“.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: