Се огласи таткото на Анѓела и Наѓа откако го оставија сопругата и ќерките: Во лајв побара развод, но не застана тука
Таткото на јутјуберките Анѓела и Наѓа, Зоран Ѓорѓевиќ, одлучи преку Инстаграм да им се обрати на ќерките и сопругата кои го напуштија, без како што вели тој, никакво објаснување.
Имено, неговите ќерки се огласија на Јутјуб истакнувајќи дека цело време молчеле за да се стабилизираат психички, не сакајќи да ја откриваат причината поради која си заминале од дома, а сега татко им истакнувајќи дека ќе им го одземе целиот имот, но и дека сака да се разведе од сопругата, која исто така го оставила.
Додека зборуваше за семејниот конфликт, Зоран во еден момент и заплака.
„Не сум во контакт со Марија, Тина, Анѓела и Наѓа откако ме напуштија. Тие денови мислам дека милион пати ги побарав, додека не дознав што се случило. Јас во животот повеќе не сум плачел како тогаш“ - започна тој, а потоа додаде:
„Сигурно сега многу од вас ќе кажат дека имале причина што заминале. Веројатно имале, но не бев упатен во тие причини. Пред тоа многу се скарав со Наѓа, но Анѓела беше 1.000 километри подалеку со мојот брат, со неа не се карав. На овој начин сакам да им се обратам на Анѓела, Наѓа и Тина и да им кажам дека грозно што ми го направија ова. Јас можеби имам примитивно размислување дека кога некој ќе склопи брак, дека тоа треба да биде до крајот на животот, но можеби тие мислат поинаку.“
Како што истакна, во животот им обезбедил сѐ, а тие го оставиле сам. За да заврши со сето ова, тој на ќерките им оставил рок за да се преселат од станот, од жената побара развод, а на ќерките им порача дека е мртов за нив и повеќе да не му се обраќаат.
„Кога сакате да го напуштите семејството и да исчезнете, како што вие ми направивте на мене, морате да бидете подготвени да исчистите сѐ зад вас. Идејата на Анѓела и Наѓа беше да се отвори Јутјуб канал, тој канал го отворив јас, бидејќи тие беа малолетни. Јас потпишав договор и првите 30.000 евра во маркетинг ги вложив јас. Никој од нас не знаеше дека тие од тоа ќе заработуваат. Кога заработија сериозна сума на пари, ги прашав со што сакаат да се занимаваат, а тие ми кажаа дека сакаат тоа да им биде работа. Тогаш им кажав дека мораат сериозно да се посветат на тоа“ - се присетува тој и открива дека сите трошоци ги биле на негов товар:
„Плаќав стан и им бев гарант за недвижнини во Ница, но не знам дали тие се таму. Излегов со една мала чанта и земав стан во Париз. Куќата ви ја оставам. Имате рок помеѓу 15 декември и 1 јануари да земете сѐ што сакате, потоа ќе бидам принуден да исфрлам сѐ пред да предадам куќата“.
Потоа ѝ се обрати на сопругата и ѝ кажа дека сака развод.
„Сега ѝ се обраќам на Тина. Знам дека ова не беше ниту твоја, а ни идеја на Анѓела, на ова ве навлече Наѓа. Ме продадовте како кило компири. Ниту со непријателот не се прави ова што ми го направивте вие на мене. Тој ден требаше да потпишеме документи, 25 години да имам јамка околу вратот и да го исплаќам ова. Во моментот кога решивте да ме оставите, морате да знаете дека имате обврски“ - истакна тој и додаде:
„Тина, во 2017 година во фирмата доби 50.000 евра, а сега доби отказ. Џабе ти е лажното боледување кое сте го отвориле ти и Анѓела. Ќе мораш да ги вратиш тие 50.000 евра и кредитот од 17.000 на заедничката сметка. Тоа го наложува законот. Јас сакав сѐ да плаќам сам, сега ја немам таа обврска. Немаме заеднички имот, поднесов барање за равод на бракот. Да не бев јас немаше да направите ништо во животот.
Да не ве терав да го правите сето ова, не би направиле ништо. Дали ме напуштивте? Па што ќе ви се тогаш моите пари? Ќе ги покривам сите трошоци и за профилот и овие 50.000 само ако ми дадеш спогодбен развод на брак, под два, Анѓела и Наѓа сакам да ми го вратат плацот кој им го купив од куќата, бидејќи сакам на брат ми да му направам куќа и трето нешто: Одете по својот пат, а Анѓела и Наѓа да заборават дека имаат татко, за вас сум мртов, ти Тина знам дека немаш ништо со ова“ - заврши Зоран.
фото: Принтскрин / Инстаграм