Семеен портрет по повод матурата на Мелани: Ќерката на Соња и Јохан заблеска во син фустан (ФОТО)
Оваа е дефинитивно нејзината година...
Во семејството на пејачката Соња Тарчуловска и Јохан Тарчуловски повторно има голем повод за прослава. Откако во февруари го прослави полнолетството на нивната прва радост, ќерката Мелани, сега повторно прославуваат.
Овој пат, ја слават матурата на Мелани, поточно завршувањето на средното образование. По тој повод гордиот татко сподели две фотографии - на првата Мелани позира сама во прекрасниот матурски фустан, додека на втората матурантката позира со своите родители, како и помалите брат и сестра.
За потсетување, Малани тргна по стапките на својата мајка и заплови во музичките води. Освен што учествуваше на „Охрид фест“ - еден од најстарите фестивали во Македонија, таа беше дел и од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.
фото: Принтскрин / Инстаграм