Соработниците му ги откажуваат спонзорствата на инфлуенсерот кој од обожавателите бараше пари за стан: Ова е поразувачки
Веселин се разочара од ова сознание, а тоа го сподели со следбениците на Инстаграм...
Претходните денови се крема голема фама поради српскиот инфлуенсер Владимир Звекиќ, попознат како Веселин, кој отвори наменска сметка на која заинтересираните следбеници му уплаќаат по едно евро, со цел да си го реши стамбеното прашање и да го купи својот прв стан.
Меѓутоа, овој негов потег наиде на негодување кај бројни корисници на социјалните мрежи, а инфлуенсерот сега откри дека и соработниците му ги откажуваат договорите.
Веселин се разочара од ова сознание, а тоа го сподели со следбениците на Инстаграм.
„Само што ме повика девојката. Со неа комуницирам кога се соработките со одредени брендови во прашање. Со нив соработував годинини наназад. Секогаш тоа беше на обострано задоволство во суперлатив, да не зборувам за резултатите кои ги постигнувавме, но акцентот сега не е на тоа. Ми се јави да ми каже дека тие одлучиле да ја прекинат секоја соработка со мене поради целата оваа ситуација и дека не сакаат да се поврзуваат со мене. Што е океј, секкао, нивен избор и одлука. Но, тоа е поразувачки“ - напиша Веселин, па додаде:
„На крајот на краиштата ти ме ангажираш поради моите луѓе. Се согласувам дека ситуацијата е чувствителна, но најверојатно истражуваш сѐ? Гледаш кој коси, кој вода носи? И потоа носиш одлука дали во тој момент сакаш на некој да му ја покажеш довербата која се градела со години и со тоа покажуваш дека гледаш што е исправно. Не се лутам, но сум разочаран.“
фото: Принтскрин / Инстаграм