Светот го освои како чудната девојка од хит серијата: Во врска е со синот на познатиот рокер, а пред нејзината убавина сите остануваат без зборови (ФОТО)

Светот го освои како чудната девојка од хит серијата: Во врска е со синот на познатиот рокер, а пред нејзината убавина сите остануваат без зборови (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Ја запознавме уште како девојче во серијата „Stranger Things“, а Мили Боби Браун денес е преубава девојка пред која е блескава кариера.

Мили во февруари наполни 18 години, а на премиерата на гореспоменатата серија, сите ги изненади со трансформацијата. Имено, Мили Боби Браун на црвениот килим се појави со долга платинесто руса коса, а долгиот бел фустан совршено ја исткана нејзината совршена фигура. Мили блескаше на премиерата на серијата која ја прослави и вивна во ѕвездите, а на сметка на изгледот доби низа позитивни комплименти.

Убавата актерка дојде придружувана од своето момче - Џејк Бон Џови, синот на познатата рок легенда Џон Бон Џови.

Врската официјално ја потврдија минатата година во јуни и тоа откако таа стави крај на романсата со Ромео Бекам, синот на Дејвид и Викторија Бекам. 

Младата актерка потекнува од скромно семејство, а самата отворено раскажа дека татко ѝ ја возел на аудиците за кои успевала да го запамети целиот текст, бидејќи немале пари за гориво.

Сепак, толку верувале во неа што од Велика Британија се преселиле во Холивуд, за таа да може да се оствари како актерка.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: