Светските медиуми пишуваат за Бака Прасе: На јутјуберот му се заканува и гасење на профилот на Инстаграм?!
Претставниците на Мета ќе треба да се изјаснат во Вишото јавно обвинителство за понатамошното постоење на оваа наредба...
Вишото јавно обвинителство во Белград ги повика претставниците на Мета да сведочат за понатамошното постоење на Инстаграм профилот на јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, по неколку наводни предупредувања од физички и правни лица.
Тие ќе мораат да објаснат како е можно и понатаму да постои овој Инстаграм профил, пишува „pink.rs“, а за сето ова пишуваат и бројни странски медиуми, како „The Hiltonian“, кои наведуваат дека „во тек е сериозна акција на српското судство поради насилство на Интернет“, и „Techannounser“, кој пишува дека јутјуберот постојано малтретира луѓе преку Инстаграм.
Имено, каналот на Јутјуб на Илиќ е затворен, но не и неговиот Инстаграм профил, каде наводно се објавува контроверзна содржина.
Билјана Шафиманјин Обрадовиќ од Центарот за стратешки анализи истака дека социјалните мрежи се софтвер, и дека прво треба некој да ги пријави и посочи тие профили за да реагира Мета.
„Мета сигурно ќе реагира и ќе пристапи до тие профили. Ги гледаме тие „тастатура луѓе“ како се огласуваат преку видеа. Самиот софтвер може да препознае некои рбаоти, но сега е потребно време за да се истражи сето тоа“ - рече таа помеѓу другото.
Инаку, Богдан во неколку наврати истака дека го погодило тоа што неговиот канал на Јутјуб, кој имаше над два милиони претплатни и кој беше стар речиси 10 години, е избришан, но дека тоа нема да го спречи да продолжи да го прави она што го прави. Тој во неколку наврати посочи и дека нема да престане со јавната пресметка со Жељко Митровиќ, кого го смета за одговорен за затворањето на неговиот канал на Јутјуб.
фото: Принтскрин / Јутјуб