Трамп го потпиша указот: ТикТок сега и официјално е „закана“ за САД

Трамп го потпиша указот: ТикТок сега и официјално е „закана“ за САД

Станува збор за кинеската апликација за кратки видое записи, проследени со музика, која го полуде целиот свет...

Американскиот претседател Доналд Трамп, го направи она за што веќе долго зборуваше: ја потпиша указ со која на сите граѓани на САД им забрани да вршат трансакции со кинеската компанија „ByteDance“.

Популарната кинеска апликација ТикТок се наоѓа во сопствеништво на споменатата компанија, а указот стапува на сила за 45 дена.

Според неговите принципи, ТикТок претставува „закана“ за националната безбедност на Америка, па јавноста се предупредува на автоматско прибирање на податоци - со користињето на оваа апликација.

„Ваквото прибирање на податоци претставува закана и би можело да и овозможи на Комунистичката партија на Кина пристап до личните податоци на Американците“ - стои во указот, а потоа се наведува: „Соединетите Американски Држави мораат да преземат големи мерки против сопственикот на ТикТок, за да ја заштитат својата национална сигурност.“

Указот следеше откако Мајкрософт најави дека размислува да ја купи американската филијала на фирмата „ByteDance“ и го одреди рокот за склопување на бизнисот од 45 дена. Инаку, сите светски медиуми пренесоа дека претседателот на САД ја поддржа таа намера технолошкиот гигант.


Можеби ќе ве интересира: