Во фустан од сатен и тантела и во друштво на најблиските: Ќерката на Хелена Роза го прослави 24-от роденден (ФОТО)
Секој ден е сѐ поубава....
Кјара, ќерката на познатата ТВ водителка Хелена Роза, која со своето семејство живее во Нов Зеланд постојано ги изненадува своите 18.000 следбеници на Инстаграм. Со своите фотографии ги испирира девојките, а на момците им ги краде воздишките.
Последната низа фотографии се од нејзината роденденска забава. Имено, Кјара неодамна наполни 24 години, а сега на својот профи сподели фотки од прославата.
Облечена во фустан од сатен и тантела, високи потпетици кои моментално се ИН, позираше во друштво на најблиските пријатели и момчето. Дека прославата поминала во најдобар ред, говори и насмевката на најзиното лице, а како изгледало сето тоа, погледнете во продолжение:
За потсетување, Кјара освен по тоа што е ќерка на познатата водителка, таа на македонската јавност и е позната и по тоа што се појави во видео записот за песната „Без оглед на се“ на кршачот на женските срца Филип Пешевски.
фото: Принтксрин / Инстаграм