Војаж им се придружи на Анастасија и Гудељ на Ибица: Еве што прават и кој друг им прави друштво на луксузните забави (ФОТО)
Михајло Веруовиќ Војаж веќе неколку дена ужива на Ибица во друштво на Анастасија Ражнатовиќ и браќата Гудељ - Немања и Драги.
Раперот минатиот викенд заминал на шпанското летувалиште и, како што дознаваме од српските медиуми таму ќе остане уште неколку дена, бидејќи во следниот период ќе има многу настапи и снимање на серијата во која игра една од главните улоги.
Бидејќи Ибица е позната по лудите забави и ноќниот живот, Војаж веднаш по пристигнувањето, со Гудељ и Анастасија отишле да се забавуваат, додека следниот ден цел ден уживале на јахта и на скутери.
Анастасија, инаку, на кратко го напуштила островот и дошла во Белград на еден ден, да снима спот, а потоа веднаш се вратила кај своето момче.
Да потсетиме, ова е прв заеднички летен одмор на Анастасија и Немања. Тие престојуваат во луксузен апартман со базен, кој гледа на море, а како што неодамна објавија медиумите, овој подарок на Гудељ за роденденот на Ражнатовиќ го чинел дури 35.000 евра.
- Немања изнајмил стан кој е опремен со дневна соба и спална соба, голема бања, градина и базен. Само за сместување платил околу 20.000 евра! Сакал на Анастасија да ѝ подари одмор од соништата и успеал во тоа.
извор:kurir.rs