Живеам со две вештерки: Ноќта на вештерките во домот на семејството на Сара Мејс и Димитар, пристигна еден ден порано (ФОТО)
Денес, 31 октомври се прославува најстрашната ноќ во годината - Ноќта на вештерките. Оваа ноќ, многумина се маскираат и одбираат страшни маски, со цел да бидат најстрашни во своето друштво. По овој повод, многу светски познати личности веќе ги покажаа своите маски, а некои ги кријат уште и ќе ги покажат дури вечерва.
Кон овој тренд, полека се приклучуваат и нашите познати личности, па така кај нас почнаа да се организираат забави со оваа тематика. Некои се одлучуваат Ноќта на вештерките да ја организираат во кругот на најблиското семејство, а во таа група влегува и семејството на Димитар Атанасовски и Сара Мејс.
Имено, тие ги поделија обрските - тато Димитар беше задолжен за резбањето на тиквата, додека мама Сара имаше задача да одбере маска за неа и малата Илина.
Мајката и ќерката беа маскирани во вештерки, а фотографијата од нивниот маскембал, кој го организираа една вечер пред Ноќта на вештерките, ја сподели и Димитар.
„Конечно вистината на виделина... Живеам со две вештерки“ - напиша во негов стил водителот и маркетинг директор, со што ги насмеа своите следбеници.
фото: Принтскрин / Инстаграм