Адисон Реј сподели страшно искуство со обожавател: Плачев, трчав и се тресев
Адисон Реј достигна врв на славата преку ноќ (и ТикТок), доби улога во филм во кој таа секогаш сакаше да глуми, во римејкот на „Таа е сè тоа“, ја сними својата прва песна „Опседната“ и направи многу интервјуа и едиторијали .
Младата sвезда има толку многу работа, нејзиниот круг на обожаватели расте неконтролирано, а со тоа доаѓаат и нови проблеми - демначи и обожаватели кои се поопасни отколку што се чини.
Таа веќе зборуваше за едно вакво непријатно искуство .
Адисон на својот подкаст „Тоа беше забавно? Со Адисон и Шери“ на 1ти мај зборуваше за најстрашното искуство со обожавател досега, и мора да признаеме дека е пострашно отколку што замислувате! Сè се случило пред куќата во која живеела порано.
„Го слушнав првиот силен удар на вратата на автомобилот, пред мојата куќа. Си помислив, „што е тоа по ѓаволите?“ но јас не придадов важност затоа што, знаете, ние сепак живееме околу други луѓе. Тогаш само слушнав како некој ми го извикува името на цел глас. Беше непознат човек и беше полноќ, па сè беше уште пострашно. Се искачив горе колку што можев побрзо, ги претерчав скалите. Плачев и се тресев. Викав ‘Тато, некој пред куќата го вика моето име’. Мојата соба имаше дури и лизгачка врата и немаше заклучување на клуч, секој можеше да влезе“, раскажува Адисон за таа страшна ноќ.
Кога нејзиниот татко излегол напред да види за кого станува збор, лицето исчезнало - сè што можел да слушне е како автомобилот вози што побрзо и што подалеку од нив, што докажува дека некој дефинитивно бил таму .
„Моето срце отиде во петиците, никогаш не сум била толку исплашена“, заклучува таа.
Таквите непријатни ситуации често им се случуваат на ѕвездите - тие настани можат да бидат уште полоши, како непознат маж да влезе во нивната куќа, а многумина имаат лоши намери и се неурамнотежени.
извор: Famoza.net
Кон папараците е љубезна и покрај сѐ: Адисон Реј открива зошто тоа е такаАдисон Реј е во шок: Сѐ заради бизарната теорија на Кардашијан за неа и Кортни