Да беше жив би бил прегорд на него: Како изгледа денес внукот на Тоше Проески, кој тргна по стапките на својот вујко? (ФОТО)

Да беше жив би бил прегорд на него: Како изгледа денес внукот на Тоше Проески, кој тргна по стапките на својот вујко? (ФОТО)

Објавена во: Stars // Музика

Поминаа 15 години откако во сообраќајна несреќа почина Тоше Проески, а зад него освен бројните хитови, остави и музички наследник, неговиот внук.

Македонскиот пејач имаше 26 години години кога почина, но уште тогаш уживаше во статусот на еден од најдобрите музичари во регионот.

За длабоката трага која Тоше ја оставаше на сцената сведочи и тоа што ниту едно музичко натпреварување не поминува без барем еден хит кој тој го имаше објавено, а многу млади пејачи кои почнуваат да го чекарот естрадниот пат се трудат да го копираат неговиот начин на пеење.

По неговиот пат тргна и неговиот внук, Кристија Ристески, кој е син на неговата родена сестра Дора, кој сега има 25 години. Пошироката јавност за Кристијан првпат слушна кога, како момче, заедно со познатиот вујко ја испеа песната „My Little One“, а спотот кој беше снимен една година по смртта на Тоше го сочинуваат фотографии од семејните албуми.


„Тоше и Кристијан беа многу поврзани. Тој му ја всади љубовта кон музиката, го учеше да свири и пее. Сепак, никогаш не сакаше да го експонира во јавноста. Се сеќавам кога го снимаше спотот песната „За овој свет“, наменета за „УНИЦЕФ“, во кој се појавуваат многу деца, нашата мајка го праша зошто не го викне и Кристијан, а тој одговори: „Кристијан е многу талентиран. Ќе дојде врмее кога ќе ѝ се претстави на јавноста. Засега сакам да го држам на страна, тешко е да се биде дел од естрадата“. Моите синови Кристијан и Никола беа во шок кога почина, не можеа да прифатат дека повеќе го нема“ - откри во една прилика сестрата на Тоше.

Кристијан Ристески, за кој велат дека е вистински наследник на Тоше, живее во Скопје. Студирал на Факултетот за аудиовизуелни уметности, а некое време престојуваше и во Лондон, по повикот за соработка со британскиот продуцент Енди Рајт, кој беше соработник и на Тоше.

Во продолжение погледнете како изгледа денес Кристијан:

фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: