Имала помош од Хари Стајлс: Како Адел ослабна дури 45 килограми?

Имала помош од Хари Стајлс: Како Адел ослабна дури 45 килограми?

Објавена во: Stars // Музика

Адел ги воодушеви сите со неверојатната трансформација, ослабна дури 45 килограми! Секако многу познати личности ја поддржуваа, а таа сега навистина изгледа прекрасно. Доколку ве интересира како течела оваа авантура, тука сме за да ви ги дадеме сите податоци кои ги најдовме.

Се верува дека пејачката решила да ја прави оваа драматична промена по тешкиот развод со Симон Конецки, со кој го има 7 - годишниот син. Откако Симон и зеде драстичен дел од имотот, Адел реши дека и е потребна промена, па започна со здрава исхрана и ригорозни тренинзи. За магазинот People еден извор вели дека пејачката сакала подобро да го негува своето тело, дека промената дефитивно и годела, дека поубаво се облекува и дека генерално делува посреќно. Фотографијата, која сега кружи на Интернет, предизвика голем борј на позитивни, но исто толку и негативни коментари.


Личноста која официјално и помогнала на Адел во нејзината авантура е Хари Стајлс. Хари е нејзин долгогодишен пријател, а неодамна се „уловени“ на луксузен одмор, на кој пејачката изгледаше драстично ослабена и пресреќна. Но, вмешаноста на Хари во оваа промена на Адел е многу поголема - тој е оној кој ја води на прошетки на нејзините омилени стази во Малибу и на своите HIIT (high intensity interval training) часови по разводот со Симон. Очигледно е дека тоа ги зближи, бидејќи некои медиуми тврда дека Хари и пејачката се пар, што и понатаму не е потврдено. Додека некои тврдат дека Адел е многу заљубена и поврзана со Хари, некои велат дека Хари има одреден тип на девојки и дека воглавно во минатото излегувал само со супермодели и дека Адел едноставно не е негов „тип“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: